Сопруги на наркобосови откриваат како ги криеле парите

Во 2015-та, чикашките близнаци Маргарито и Педро Флорес беа осудени на 14 години затвор за трговија со дрога. Поранешните наркодилери денес се познати како едни од најзаслужните за апсењето на еден од најопасните наркобосови на денешницата – Хоакин „Ел Чапо“ Гузман.

Нивните сопруги, Оливија и Миа, напишаа книга во која го опишуваат животот како дел од наркокартел и опишуваат како двајцата браќа ги криеле парите заработени од трговија со дрога.

„Во периодот од 2005 до 2008 година, нашите сопрузи нелегално вратија 2 милијарди долари во Мексико. Гледавме цели куќи полни со пари. Имаа подвижни ѕидови, како во филм со Џејмс Бонд, полни со милиони долари во нив. Имаше соби полни со пари. Во соба имавме 1-2 милиони долари кои ете така, просто стоеја таму за кога и да ни притребуваат. Ние можевме слободно да влеземе и да земеме за нас, тоа беше сосема вообичаено“, раскажуваат сопругите во книгата.

„Имаа работници кои работеа во три осумчасовни смени. Три смени во едно деноноќие, и сé што правеа е да бројат пари. Пребројуваа по можеби милион долари за неколку часа, а потоа ги пуштаа низ машините. Зборуваме за банкноти од пет, десет и еден долари – значи улични пари…

Дали имавме корист од тоа? Дали живеевме подобар живот? Да, се разбира дека е така. Бевме размазени, бевме добро нахранети, патувавме.

Некогаш ни се сакаше да останеме на одмор по цел месец на плажа и целосно да се насладуваме на сето тоа, но на крајот од денот сакавме да се одречеме од тој живот и знаевме дека тоа што е важно за нас беа љубовта, семејството и обичните нешта“, пишуваат Оливија и Миа Флорес во книгата.

 

- Реклама -