Sony Vaio Tap 11 наскоро низ продавниците

Sony Vaio Tap 11 најтенкиот Windows 8 таблет наскоро ќе се најде низ продавниците откако Sony Mobile официјално го соопшти планот за продажба, а исто така ја објави и цената за овој одличен уред.

Sony-Vaio-Tap-11 (1)

Почетната цена на Sony Vaio Tap 11 за основната верзија ќе изнесува 799 долари додека секој модел со поквалитетни компоненти ќе чини за 50 долари повеќе. Sony Vaio Tap 11 има 11 инчен HD Triluminous екран, додека пак хардверот е составен од врвни делови како моќниот Haswell процесор.

Sony-Vaio-Tap-11 (2)

Корисникот ќе може да одбере повеќе модели со Core i3, i5 па дури и Core i7 процесор, како и избор на 128, 256 и 512 GB SSD меморија. На таблетот се вградени и USB 3.0 и microHDMI портови, а со него доаѓа и физичка тастатура која може да се користи како заштитна прекривка и додатна батерија. Продажбата на таблетот започнува кон крајот на овој месец во повеќе земји низ светот.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -