Џиновски соларен авион кој може да остане во воздух 5 години

Соларната авијација е сеуште во својата натална фаза, но сепак се забележува брз раст. Можеби никогаш нема да видиме големи патнички соларни авиони, но сепак постојат голем број на останати интересни работи кои може да бидат изведени со помош на оваа технологија.

Добар пример за тоа е она што Titan Aerospace го прави со помош на своите соларно напоени дронови кои летаат на големи височини.

Џиновскиот соларен авион под името Solara може да се искачи на височина од 20 километри и таму да остане цели пет години, притоа целосно напојувајќи се со помош на соларна енергија. Функционира многу слично на сателит, меѓутоа е далеку поевтина варијанта и може да се искористи за поголем број на цели. Покрај сево ова, истиот може повторно да слета на Земјата.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

213

Titan Solara 50 е огромен авион со 3.000 соларни келии кои може да произведат 7 kW струја, а бидејќи лета над облаците секогаш има пристап до доволно сончеви зраци.

Употребата за овој тип на соларен авион е многу разновидна, од употреба за брза реакција во услови на катастрофални настани, анти пиратско надгледување, обезбедување на Интернет пристап во недостапни региони, итн.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -