ВИДЕО: Собир на патки на замрзнатиот Балатон

Унгарецот Балаш Лоринц смета дека неговото видео наречено „Патково Езеро“ може да се носи и со самото „Лебедово Езеро“ на Чајковски. Се работи за поетска видео-компилација од кадри од патки кои се собираат околу отвор на површината на замрзнатото езеро Балатон во Унгарија.

Балатон е најголемото езеро во централна Европа, па го нарекуваат уште и Унгарско Море. Море или не, очигледно не се срами да замрзне.

- Реклама -