Ако аматерски и од забава и задоволство се занимавате со градинарство и одгледување на растенија, веројатно повеќе сте се нашле во ситуација да се запрашале зошто некое растение не ви успеало.
Во недостаток на искуство, сте пропуштиле неколку добри трикови, кои откако ќе ги научите, грижата за растенијата ќе ви стане многу полесна!
На пример, следниот пат кога ќе варите шпагети, изладете ја водата во која сте ги готвеле, и сипете му ја на растението со цел да добие природно „ѓубриво“.
Со пластичните лажици забодени во земја околу растението ќе ги избркате мачките од градината, за да не ја користат како тоалет.
Зачувајте ја пепелта од скара на дрва! Ставете ја по површината на земјата во која ќе садите и со гребло рамномерно распоредете ја. Пепелта од дрва има калиум, калциум, фосфор и магнезиум, па ќе поттикне силен раст на коренот и стеблото.
Ставете стиропор во голема тегла и додадете земја за да ја подобрите дренажата и ќе го олесните движењето на водата.
Старото семе може да го користите доколку го помине овој тест: Ставете 10 семиња на влажна хартиена крпа, потоа ставете ги во пластична кеса и напишете го датумот на истата. Следете колку семињата ќе ‘ртат. Помножете го тој број со десет за да ја пресметате стапката на успешност на ‘ртењето. Повеќе од 70 проценти поминува. Ако е помеѓу 40 и 60, засадете го семето многу густо. Под 40 проценти, подобро купете ново семе.
Горка сол е добра како ѓубриво за растенијата. Растението подобро ќе расте ако еднаш месечно го навадите со мешавина која ќе ја добиете од 2 лажички сол во 4 литри вода.
Засадете го врвот на ананасот во тенџере за да порасне нов.
Млекото одлично функционира као ѓубриво и против габи. Може да користите ново или она со поминат рок. Измешајте го со вода во сооднос 50-50. Ставете ја мешавината во шише за прскање и нанесете на растенијата, млекото да се апсорбира во листовите.
Имајте на ум дека некои растенија, како домати, можат да развијат габична инфекција ако се остави премногу долго ѓубривото на листовите. Во овој случај, нежно избришете ги со влажна крпа или спреј со вода.
Потопете ги семињата од домати преку ноќ во ладен чај од камилица пред садење со цел да го олесни ‘ртењето и да спречи формирање на габи.
Користете ги лушпите од јајца за да ги избркате штетниците и да ја збогатите почвата со калциум.
Водата од готвењето на јајца, компири, спанаќ, тестенини не ја фрлајте. Кога ќе се олади со неа полијте ги растенијата за да ги добијат потребните хранливи материи од храната.
Направете саксија во кора од лимон наместо во класичен сад со цел да добиете посилно растение, кое убаво ќе цвета и ќе има подолг животен век. Исеечте го лимонот на половина, исчистете ја внатрешноста и направете мала дупка во дното на кората, а потоа засадете го семето како и обично. Кога ќе дојде време за садење, можете кората да ја засадите заедно со саксијата.
Размножете ги розите поставувајќи ги во дупка направена во помали компири пред садење, кој ќе го држи расението влажно додека не пушти корења.