Со MaxTV на финалето на Лигата на Шампиони на Вембли

Двајца страсни љубители на фудбалот ќе добијат можност да станат MaxTV репортери и да известуваат директно од финалето на Лигата на Шампиони на Вембли.

За сите страсни љубители на фудбалот, MaxTV подготви вистинско изненадување. Ексклузивно, фудбалските фанови ќе имаат можност да станат MaxTV репортери и на 25 Мај да известуваат за атмосферата од финалето на Лигата на Шампиони директно од стадионот Вембли во Лондон.

Заинтересираните треба да се пријават со пополнување на апликација и да снимат едно минутно интересно и креативно видео во кое ќе покажат зошто заслужуваат да присуствуваат на финалниот натпревар на Лигата на Шампиони во улога на MaxTV репортери. Пријавувањето и поставувањето на видеото ќе биде преку фејсбук фан страницата на MaxTV https://www.facebook.com/mk.maxtv.

Сите видеа ќе бидат објавени на Youtube страницата на MaxTV. Од пристигнатите видеа, специјално жири ќе направи избор на 10 кандидати за MaxTV репортери коишто ќе влезат во финалниот избор. Листата на финалистите ќе биде објавена на 8 Мај на MaxTV фејсбук страницата, на www.t-home.mk и на страната Идивиди.

Финалниот избор на двајца MaxTV репортери ќе се направи на 9 Мај во Скопје каде ќе биде организиран мини натпревар на фудбалски вештини. На двајцата MaxTV репортери ќе им се обезбеди авионска карта, хотелско сместување и карта за следење на финалето од UEFA Лигата на Шампионите директно од Стадионот Вембли!

- Реклама -