Многумина од вас поминуваат доста време пред компјутер, а сепак малку внимание посветуваат на тоа како е организиран просторот околу нив. Време е да ја промените и воедно подобрите вашата работна околина!
Како се чувствувате по неколку часовна работа? Ве болат лактите? Со креирање на подобра работна околина ќе ги намалите физичките повреди како и стресот. Еве неколку совети за тоа како да го подобрите својот простор и квалитетот на живеење во работните простории:
Една од најважните работи е да правите паузи. Ако тешко се одвојувате од компјутерот препорачуваме да инсталирате една од многуте бесплатни програми против повреди. Windows и Линукс корисниците можат да го преземат Workrave, кој освен што ќе ви каже кога е време за пауза, прикажува и вежби за растегање и релаксација.
Ергономска маса е она што ви е потребно. Пресметајте го растојанието од маусот и тастатурата. Отстранете ги непотребните работи околу вас и следете ги советите од Workstation Installation Tool. Одберете ја вашата височина и прилагодете се според дадените мерки.
Глувчето и тастатурата се исто така битни, па внимавајте со нивниот избор. Тие треба да бидат блиску едно до друго и да ги користите комотно, а не да потстанувате за нив. Како достапен маус би го препорачале Logitech MX 510 или 518, а за тастатура изборот е преголем па сè што е од поново производство би завршило работа.
Сега кога креиравте ергономска ситуација, треба да го наместите осветлувањето. Пожелно е светлото околу вашиот монитор да биде амбиентално, со што би ја подобриле перцепцијата на контрастот, а тоа би им олеснило многу на вашите очи. Еве пример како да го изведете амбиенталното осветлување, иако тоа може да го сторите и со некоја помала ламба насочена во позадина.
Грижењето за растенија можеби и не е ваша подобра страна, но сепак мора да размислувате за себе и како да го подобрите квалитетот на воздухот во просторијата. Еве листа на 5 издржливи растенија, но ви препорачуваме и да го погледнете истражувањето на Kamal Meattle кој вели дека со комбинација од само 3 растенија ќе го подобрите здравјето и воздухот околу вас.