Новите истражувања претставени во списанието „Cancer Prevention Research“, го потврдија позитивното влијание на конзумирањето на лук врз первенцијата и смалувањето на ризикот од рак на белите дробови, една од најчестите причини за смрт кај мажите и жените.
Истражувањето било спроведено врз 5976 испитаници во Кина, во периодот од 2003 до 2010 година, се заосновало на податоците собрани по пат на интервјуа кои биле фокусирани на исхраната, прехрамбените навики и начин на живот на испитаниците, вклучувајќи го внесувањето на лук кога се работи за пушачи.
Резултатите од истражувањата покажале дека испитаниците кои внесувале лук два или повеќе пати неделно, имале намален ризик од рак на белите дробови за 44%, додека ризикот кај пушачите бил намален за 30%. Авторите на студиите истакнуваат дека редовното внесување на лук, во зависност од количината, може да има влијание врз ракот на белите дробови.