Дали сте се запрашале како би изгледал денешниот свет да не постоеше Хенри Форд?
Пред точно 100 години, овој човек го промени производствениот процес на автомобили со воведување на подвижната лента во своите фабрики. Со овој потег, тој засекогаш го промени и светот!
Одеднаш, од 12 работни часа беа потребни само 93 минути за склопување на еден автомобил. Масовното производство предизвика пад на цените, по што поседувањето автомобил повеќе не беше привилегија само на најбогатите. Благодарение на иновативноста на Хенри Форд, сега секој можеше да поседува автомобил.
Потегот беше толку генијален, што конкуренцијата беше соочена со предизвик – да го копира неговиот модел или да биде избришана. Така подвижната лента стана стандард во автомобилската индустрија.
Но, тој не застана тука. Кога американските патишта станаа преплавени со моделите на Форд, тој реши да ја освои Европа. Притоа во 1929 година, го отвори својот прв комплетен европски погон во Келн, Германија. Овој неверојатен спој на американска иновативност и германска прецизност сеуште е светски пример за модерна автомобилска фабрика.
Хенри Форд замина во легендите, оставајќи огромно наследство во формата на компанијата Форд. Во негова чест, компанијата изгради традиција околу неговиот иновативен начин на размислување, со што го задржа своето место во врвот на автомобилската индустрија. Токму затоа, Ми-Да Гранд Моторс реши соодветно да ја прослави стогодишнината од автомобилската производна лента на Хенри Форд…
До 15-ти Септември, секој нов сопственик на Форд Фиеста ќе патува во Келн, каде директно во фабриката на Форд ќе присуствува на процесот на создавање на неговиот автомобил. Освен нова Форд Фиеста, сопствениците ќе добијат и незаборавно искуство во кое ќе се запознаат со маркантниот Келн, луѓето кои го создале нивниот автомобил и ќе го прослават јубилејот со најдоброто германско пиво. Токму затоа, сега одиме…