Четири здрави навики можат да ве заштитат од срцева болест и да го продолжат вашиот живот, тврдат истражувачите. Тие откриле дека едноставните промени во начинот на живот можат да ја подобрат општата здравствена состојба и да го смалат ризикот од прерана смрт за 80% во текот на осумгодишен период. Редовното вежбање, медитеранската исхрана, нормалната телесна тежина и најважно, апстинирањето од никотинот, се токму тие здрави навики.
Истражувањата предводени од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, откриле значајна врска меѓу начинот на живот и здравјето на срцето во текот на релативно краток временски период.
Водичот на студиите, Хајтам Ахмед од центарот за первенција на срцеви болести вели: „Проучувавме податоци од 6300 мажи и жени на возраст од 44 до 84 години во период од 7 и пол години. Оние кои ги присвоија овие четири здрави навики, имале 80% подобро здравје во споредба со учесниците на студиите кои немале ниту една од нив“.
Учесниците во студиите немале дијагноза за кардиоваскуларни болести, но само 2%, односно 129 од нив, ги задоволиле сите четири критериуми на здрав живот.
Роџер Блументал, кардиолог и професор на „Џонс Хопкинс“ Факултетот за медицина вели: “Од сите здрави навики, избегнувањето на тутунот игра најголема улога во намалувањето на ризикот од срцеви заболувања и смрт.”
Всушност, пушачите кои имале две или повеќе здрави навики и понатаму имале пониска стапка на преживување после 7 и пол години во однос на непушачите кои биле неактивни и склони на дебелеење.