Верувате во магичната моќ на ботоксот? Размислете повторно: стручњаците докажаа дека овој третман наместо да ги испегла несаканите брчки, може да предизвика појава на нови.
Верувате во магичната моќ на ботоксот? Размислете повторно: стручњаците докажаа дека овој третман наместо да ги испегла несаканите брчки, може да предизвика појава на нови.
Во последниве десетина години ботоксот се покажа како идеално решение за брчките, но и за некои други проблеми, како прекумерното лачење пот, акните, дефекти на носот и сл. Успешниот бренд, стана синоним за младешко лице без брчки, дури и мажите се охрабрија да ги користат третманите со ботулин за да ги сокријат доказите за своите години. Меѓутоа, се чини дека тој сон за младолик изглед само што заврши или се претвори во ноќна мора – ако се користи често или ако го аплицира нестручно лице, ботоксот може да предивика нови брчки.
Во статијата објавена во магазинот Journal of Cosmetic Dermatology, професорот за дерматологија на Медицинскиот факултет во Њујорк, др. Дејвид Бекер, тврди дека „Парализата на неколку мускули може да доведе до јакнење на други мускули во обидот за репродукција на активноста која е блокирана. Тоа резултира со поизразени мускулни активности во другите делови.“ Или поедноставно кажано, дури и ако замрзнете и парализирате одредени мускули на лицето, тоа ќе најде начин и ќе ги користи другите мускули кои не биле третирани со ботокс, што предизвикува нови брчки.
Токму тие брчки се појавуваат на мостот на носот и се нарекуваат „зајачки брчки“ бидејќи можат да се добијат ако го имитирате зајачкото мрдање на носот. Овие брчки обично се знак кој ги издава оние кои се љубители на ботоксот. [Botox erases wrinkles but may give you new ones, study finds]