Со бисери во зима

Ова парче накит совршено се вклопува во зимскиот стил. Бисерниот накит последен се става на телото,  а прва се вади.

Белите бисери идилично одговараат на зимскиот стил, а познатите личности и холивудските ѕвезди сосема полудеа по нив. Имено, се смета дека уште во стариот Египет, Клеопатра спиела во кревет со бисери и носела накит од белите светкави топчиња, бидејќи благотворно делувал на нејзината убавина и го подобрувал нејзиното расположение.

139619859

Во сите култури се сметало дека бисерите носат среќа, успех и позитивна енергија. Многу жени и денес на своите венчаници носат бисерен накит, бидејќи веруваат дека ќе им донесе среќен и долготраен брак.

pearls-for-spring-2012

Препорачливо е да се чува на суви места во платнени кесички, наменети само за бисери, а исто така треба да се чува и од можни оштетувања во контакт со остри предмети. За време на носењето на бисерен накит, избегнувајте да прскате лак за коса, како и контакт со крема за раце.

149405305

- Реклама -