Морските алги се ефикасни во лекувањето на акни кај адолесцентите, покажува новото истражување на шкотски научници. Како што се испоставува, алгите содржат масни киселини, кои се во состојба да ја спречат појавата на мозолчиња и да ја чистат кожата.
Предноста е што го спречуваат растот на бактериите. Проучувањето на својствата на алгите продолжува, за да се создаде уникатен козметички производ кој може совршено да се грижи за кожата.