Иако е познат по студеното лето, и самите Руси останаа збунети од најновата глетка.
„ Ова е новото лице на Воркута“, се дел од написите по повод снегот кој ја погоди Воркута, иако и таму официјално е лето.
Руските медиуми пренесуваат дека дури градските власти размислуваме да вклучат греење за своите жители, поради ниските температури.
Воркута е град во Република Коми, Русија. Тука има студени и кратки лета, а екстремно ладни и суви зими.
Во Февруари температурите се движат од -20 степени, додека во Јули се движат од 13 степени нагоре. Овој јули сликата е поинаква.