Смртта на Венеција

Венеција се бори со нивоата на растење на водите уште од 5-иот век. За жал, денес се чини дека водата ја добива битката, а неколку фактори се виновни за крвавите прогнози дека градот сосема ќе исчезне во 2030-тата година.

Еден од тие фактори е и феноменот попознат како aqua alta кој се јавува од октомври до доцната зима. Имено, водата од Јадранското море благодарение на плимите и осеките многу повеќе надоаѓа во лагуната на Венеција.

venice-santa-maria-della-salute-1920x1080

Така овој прекрасен град веројатно ќе мора да го измени својот првобитен прекар од градот што лебди во градот што тоне.

Физички тоне 5 пати повеќе од тоа што предходно се сметало

И покрај тоа што временските и геолошките фактори не се на страната на овој град, има еден фактор кој ќе ги испразни улиците на овој град многу побргу од поплавите -човечкиот.

Пред приближно три децении во градот живееле точно 120.000 жители, а истиот денес брои само 55.000. Оваа бројка јасно покажува дека градот полека осамнува. Вушност се предвидува дека до 2030 година градот ќе биде потполно празен, а причина се парите.

venice_2304966b

Во Венеција годишно минуваат дури 20 милиони туристи, но многу мал дел од нив всушност трошат во самиот град. Само половина од посетителите остануваат да спијат во некои од хотелите, и ретко кој се одлучува да седне во некои од рестораните. Многу по веројатно дека ќе се одлучат за брз сендвич подготвен попратно.

Што се однесува до гондолите, многу е мала веројатноста дека младоженците кои дошле овде на меден месец ќе се предомислат за идеата сами да запловат низ азурно зелените канали на Венеција.

Таков е случајот и со кафето и пијалаците. Седум туристи од Рим биле неверојатно зачудени и непријатно изненадени од сметката која ја добиле. Познатиот кафе бар „Лавена“ на плоштадот Св. Марко е местото каде композиторот Ричард Вагнер секое утро го пиел своето кафе во 1883. Туристите добиле сметка од дури 100 евра за само 4 кафиња и 3 ликери.

venice-canal_3125141b

Не е ни случајно што жителите на Венеција секоја година, колку и да расте бројот на туристи, се во губиток. Како што вели Диего Рендолфи еден од гондолиерите кој веќе 15 години ги вози туритите по каналите, 131.000 евра не ти се доволни за стан во Венеција.

- Реклама -