Смешните ствари што ги прават луѓето што огласуваат огледала (галерија)

Продавањето огледало преку онлајн огласи да ти било еден од проблемите што човек не знае дека постојат додека не ги осети на своја кожа.

Имено, за да огласиш огледало и некој да сака да ти го купи, треба прво да го сликнеш, така? Арно ама, огледалото има одраз, а ти одеднаш се наоѓаш во ситуација да решиш што ќе има во тој одраз – ситуација на која не си сигурен/а како да ѝ пристапиш.

Па ете, како што ќе покажат примериве, луѓето различно реагираат. Некои одат до крајности за да излезат од „кадар“, други па мува не ги лази. Некои се само невнимателни, други пак прилично креативни.

Како и да е, смешни ситуации нема да изостанат, а и самата помисла дека луѓе различно реагираат на сликање на огледало за оглас е сама по себе забавна.

 

- Реклама -