Мажите се од Марс,а жените од Венера? Можеби и не до толку, но погледнете неколку смешни разлики меѓу двата пола.
1. Жените се грижат за иднината се додека најдат маж, мажите пак, почнуваат да се грижат за иднината кога ќе ја пронајдат жената.
2. Успешен маж е оној кој може да заработи повеќе пари од она што неговата жена може да го потроши. Успешна жена е онаа која што ќе пронајде таков маж.
3. За да биде жената среќна со мажот мора многу да го разбира и барем малку да го сака. За мажот да биде среќен со жената, мора многу да ја сака и да не се ни обидува да ја разбере.
4. Оженетите мажи живеат подолго од оние кои се сами. Но, оженетите повеќе сакаат да умрат.
5. Жената се мажи со мажот и се надева дека ќе ја промени. Меѓутоа, тој останува истиот. Мажот се жени со жената и се надева дека таа нема да се промени, меѓутоа таа постојано се менува.
6. Женскиот збор е секогаш последен. Во било која расправија. Секој нареден збор за мажот е само почеток на нова кавга.
7. Во само два случаи мажите ја разбираат жената: пред бракот и после него.
8. Во најголем број случаи, мажите само започнуваат разговор, а жената е таа која го завршува.
9. Секој оженет маж треба да заборави на сите свои грешки. Нема потреба и двајцата да паметат исти нешта.
10. Сите оженети мажи се помалку луди, бидејќи да не се, никогаш не би се ожениле. Сите омажени жени се мудри, бидејќи ако не се, би останале сами.