Во брзање сме цело време, па се случува да го оставиме кафето, да излеземе ко нинџи низ врата, па да го допиеме кога ќе се вратиме.
Сепак, дали е тоа ок?
Ако е добро затворено и се наоѓа во ладилник, млекото може да биде добро и недела по отворањето. Ако го оставите во кафето повеќе од неколку часа, подобро направете си ново кафе.
Варено кафе
Вареното кафе може да го промени вкусот и после 30 минути, а потоа имате отприлика четири часа пред да започне да се расипува што резултира со непријатен вкус. Значи, најдобро е да го испиете во рок од половина час.
Што откако ќе отстои?
Црното кафе и тогаш е сигурно за пиење, меѓутоа веројатно нема да има подеднакво добар вкус како и кога е сварено. Доколку сепак се одлучите да испиете „бајато“ кафе, претходно загрејте го во микробранова, бидејќи таа во голема мерка ги убива бактериите кои се собрале во меѓувреме.