Смартфонот со најиздржлива батерија во светот

Битката кај производителите на смартфони се почесто поминува на фронтот на батериите.

Причината е тоа што во услови на брз развој кај останатите хардверски елементи, батериите на смартфоните заостануваат значително во својот напредок.

Сегашните батерии среќаваат уште поголеми тешкотии да се справат со растечките потреби од енергија на големите екрани со висока резолуција и високи чипови. За да го надминат овој проблем, неодамна од Apple ја претставија новата маска која иако е навидум чудна, го продолжува животот на уредот речиси двапати.

smartfon

Новите модели DROID на Motorola се рекламираат со траење на батеријата до два дена, благодарение на батеријата од 3 760 mAh.

Во овој контекст се поставува прашањето “Кој е смартфонот со најиздржлива батерија во светот?”

Излегува дека тоа е слабо популарниот кинески модел OUKITEL K10000. Тој располага со батерија со капацитет од 10 000 mAh, или со 270% повеќе во споредба со моделот DROID Turbo 2 на Motorola. Моделот е со цена од 239.99 долари, како веќе може да се нарача онлајн. Во однос на останатите технички карактеристики, тој не се одликува со нешто фасцинантно – располага со 5.5-инчен екран со резолуција од 720 пиксели, 13 мегапиксели задна и 5 мегапикселна предна камера.

- Реклама -