Apple претстави маска за полнење на iPhone

Токму кога мислевме дека Apple завршија со презентација на производи за оваа година, на пазарот се појави нешто ново и апсолутно неочекувано.

apple-iphone-6s-smart-battery-case-front-back-696x435

Додатокот се нарекува Apple iPhone 6s Smart Battery Case и е произведен од страна на американската компанија за да го заштити вашиот iPhone 6 или 6s и притоа да функционира како дополнителна батерија.

Предност кај производот е тоа што можете да го следите нивото на дополнителната батерија во интерфејсот во iOS, а маана е тоа што освен што си лапнаа критики за дизајнот, на сајтот на Apple не е наведено колкав е капацитетот на дополнителната батерија, но според изворите таа не може да вчита iPhone 6 или 6s целосно од 0 до 100%.

apple-iphone-6s-smart-battery-case-screenshot

Сепак, овој гаџет би бил многу корисен за луѓе кои имаат потреба од повеќе полнежи.

Apple iPhone 6s Smart Battery Case веќе може да се нарача од официјалниот сајт на Apple, а неговата цена е 99 долари. Достапен во две бои – црна и бела боја.

- Реклама -