Службеници на ДИК фатени на дело додека ги фалсификуваат листите со потписи за Филип Петровски?

„Вечерва службеници-Албанци во подрачната канцеларија на ДИК во Гази Баба фатени на лице место како ги фалсификуваат формуларите за потписи на д-р Филип Петровски. Повикана е полиција и во моментот е тензично во канцеларијата на ДИК!“, пишува Јанко Бачев, лидерот на „Единствена Македонија“ на својот Фејсбук профил. Се очекуваат повеќе информации од надлежните.

Кандидатурата на Филип Петровски за претседател е достапна во подрачните канцеларии на ДИК секој ден од 9:00 до 19:00 часот.

„Дури и тие што повикуваат на бојкот ги повикуваме да се потпишат за д-р Петровски оти во првиот круг на изборите не се решава ништо, се ќе биде познато во вториот круг а до тогаш уште ништо не е јасно!“, повикува Бачев.

 

- Реклама -