Снимката од вчерашната авионска несреќа во Сан Франциско се појави на интернет прикажувајќи колку ударот бил страшен и дека е вистинско чудо што повеќето патници преживеале.
„О мој боже! О мој боже! О мој боже! Боже имај милост!“ извикува Фред Хејс кој ја снимил несреќата со мобилниот телефон додека со неговата сопруга шетале низ брегот на Сан Франциско, кој гледа кон аеродромот. Снимката беше објавена на CNN.