Известувајќи за последните инциденти во Скопје, една словенечка телевизија го искористи скечот на к-15 за новиот министер за одбрана, односно зборовите на Миле Паника.
Новинарите очигледно пронашле погрешна снимка од инаугурацијата на Талат Џафери и наместо неговите вистински зборови, ја превеле комичната синхронизација на Миле Паника: „Јас сум министер за одбрана, затоа што сѐ уште нема министерство за напад“.