„Wildlife SOS UK” е организација од Велика Британија, која што се занимава со спасување на животни во Индија, па со помош на државни службеници и полиција го спаси слонот по име Раџу од неговиот сопственик злоставувач, пренесе „Индепендент“.
Слонот дури 50 години бил буквално под ропство на неговиот нечовечен сопственик, а синџирите кои со години биле врзани за неговите нозе предизвикале хронична болка и артритис кај животното.
По отпор кој што го пружал сопственикот, сепак на карјот попуштил, па животното било спасено.
Тажно, но за ум на оние кои што очигледно немаат свесност дека животните имаат срце.