Слободниот удар на Роналдо скрши рака на 11 годишно момче (видео)

Фан на Бурнемаут заработил фрактура на зглобот на раката откако во него завршил слободниот удар на Кристијано Роналдо.

11 годишниот Чарли Силвервуд доби малку непосакуван спомен од пријателскиот натпревар помеѓу Бурнемаут и Реал Мадрид.

Младото момче заработило двојна фрактура на зглобот на раката откако во него завршил проектилот од слободен удар на најголемата ѕвезда на ’Кралевите’, Кристијано Роналдо.

И покрај тоа што целиот настан се случил во воведниот дел од средбата, Чарли не сакал да го пропушти големото шоу, стиснал заби и ги догледал преостанатите 84 минути од средбата па дури потоа заминал во болница.

„Беше многу болно” – рече Чарли. „Им кажав на моите пријатели и тие неможеа да поверуваат”.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

„Роналдо е најскапиот играч во светот и тој ми ја сркши раката. Можев да ја видам топката, одеше право во моето лице па морав да се одбранам со раката”.

[youtube]http://youtu.be/9QDv1sqn478[/youtube]

„Татко ми, кој седеше до мене, се наведна и топката со цела сила удри во мене”.

Откако медиумите ја пренесоа веста за Чарли, Бурнемаут го почасти момчето со потпишан дрес од Реал Мадрид.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -