Скиентологијата е религијата кон која се поклонуваат најголем број славни личности, а нивните приказни завршуваат помалку или повеќе среќно. И иако сите го препознаваат Том Круз како лицето на Скиентологијата, постојат неброени актери и пејачи што припаѓаат на оваа религија.
Бек
Пејачот кој го испеа мега хитот Loser е Скиентолог од втора генерација. Тој стапи во брак со Мариса Рибиси, близначката на актерот Џовани Рибиси, кои исто така се Скиентолози од втора генерација. Интересно е што мајката на овие двајца била породена од мајката на Бек, Биби.
Џејсон Ли
Ѕвездата на телевизиската серија My Name is Earl не зборува многу за својата религија, но во 2006 година, во интервју за новозеландски весник изјавил дека иако Скиентологијата добива огромен негативен публицитет, нему му помогнала во најтешките периоди од животот. По разводот од Кармен Ливелин, актерката излезе со обвинувања дека Скиентолозите го направиле нејзиниот живот пекол, а дури се обиделе и да ја уништат нејзината актерска кариеа.
Етан Сапли
Воопшто не е чудо што некогаш буцкастиот актер стана Скиентолог, бидејќи е опкружен од нив. Неговата сопруга, Бренди Луис, сестра на многу попознатата Џулиет Луис, исто така припаѓа на оваа црква, како и актерот Џејсон Ли, со кој соработувал на повеќе проекти.
Дени Мастерсон
Дени Мастерсон, ѕвездата на „Луди 70-ти“, бил воспитан како Скиентолог, а подоцна успеал да ја регрутира и неговата тогашна девојка, а сега сопруга – Бижу Филипс.
Лаура Препон
Во текот на снимањето на „Луди 70-ти“, Лаура Препон започна врска со братот на Дени Мастерсон, Кристофер. Браќата кои биле пораснати како Скиентолози ја вовеле во религијата, па иако таа се раздели од Кристофер, остана посветен Скиентолог.
Џулиет Луис
Славната актерка имала бројни проблеми со зависности од дрога и алкохол во втората и третата деценија од својот живот. Таа вели дека посветеноста на оваа религија се должи на фактот што од Скинетолозите добила помош за да се откаже, да се исчисти и да си го среди животот.
Кетрин Бел
Сексапилната ѕвезда на телевизиската серија со воена тематика, JAG, била воспитана како Католик, но подоцна стана посветен Скиентолог. Во интервју со Хауард Стерн, Бел истакна дека тоа се должи на фактот што Скиентологијата ја направила посамоуверена личност и подобра актерка.
Барт Симпсон
Ненси Картрајт е жената што му го позајмува гласот на малиот бељаџија повеќе од 22 години. Таа е исклучително посветен член уште од 1989 година, има донирано милиони долари во црквата на Скиентологија и дури искористила и реплики од Барт Симпсон за промовирање на настани на оваа црква.