Славни мажи со пластични операции

Мики Рурк беше вистински секс-симбол во осумдесеттите години од дваесеттиот век. Потоа, тој реши да се посвети на првата љубов – боксот, по што се здоби со видливи повреди на лицето. За жал, санирањето на тие повреди му ги поверил на погрешен пластичен хирург и сега изгледа така како што изгледа… Кои други славни мажи се решиле да тргнат по истиот пат?

Брус Џенер

Некогашниот олимписки победник, а сегашен декор во ужасното реално шоу на Кардашијан, Брус Џенер, се решил за лифтинг на лицето пред околу 25 години. Операцијата не била баш најуспешна, па затоа тој се решил да го повтори зафатот пред камерите. Вториот пат не беше ништо подобар.

Џин Симонс

Некогашниот музичар, член на легендарната група КISS, Џин Симонс, во 2007 година, заедно со неговата долгогодишна љубов, поранешната Плејбој зајачица Шенон Твид, се решија за лифтинзи на лицето. И овој потег беше направен за потребите на нивното ужасно реално шоу. За среќа, неодамна ова шоу засекогаш престана да се емитува.

Хауард Стерн

Кога најпознатиот радио водител во светот имал козметичка интервенција на лицето, никој освен неговата сестра не забележал. Сепак, промената била минимална – отстранување на израсток на носот и  липосукција под брадата. Стерн, многу мудро, се заколнал никогаш повеќе да не се подложи себеси на ваква интервенција, бидејќи опоравувањето било исклучително болно.

Силвестер Сталоне

Се сеќавате на подискривената уста и половина парализирано лице на Силвестер Сталоне, од неговите први филмови? Оштетувањето на нервите при пораѓањето на неговата мајка тој го коригираше пред 20 години. Но, во последно време, Сталоне, кој инаку има 66 години, изгледа премногу „затегнато“ за негови години. Сепак, актерот не признава дека повторно се вратил во операционата сала, иако изгледа претерано сомнително…

- Реклама -