Славната британска актерка Меги Смит почина на 89-годишна возраст


Познатата британска актерка Меги Смит, позната по шекспирските улоги и оскаровка која се појавуваше и во филмовите за Хари Потер, почина на 89-годишна возраст, објави во петокот BBC.

Со кариера која започна во 1950-те, таа е една од ретките актерки што ги има добиено сите три престижни актерски награди – два Оскара, четири Еми и наградата Тони.

Таа е позната на помладата публика како професорката Мекгонагл во сите седум филмови за Хари Потер и како Грофицата во хит серијата и филмот „Downton Abbey“.

Првата номинација за Оскар ја заработи во 1965 година за улогата на Дездемона во „Отело“ во која нејзин партнер беше Лоренс Оливие, а во 1969 година ја освои првата награда на Американската академија за нејзината улога на учителка од Единбург во филмот „The Prime of Miss Jean Brodie“.

Го освои својот втор Оскар за нејзината споредна улога во комедијата „California Suite“ од 1978 година, за која колегата Мајкл Кејн рече: „Меги не само што го украде филмот, таа изврши тешко разбојништво“.

Други значајни улоги ја вклучуваат Лејди Бракнел во „A Matter of Being“ на Оскар Вајлд во Вест Енд, 92-годишна жена која се бори со сенилност во „Three Tall Women“ на Едвард Олби и улога во црната комедија „Gosford Park” од 2001 година.

Кралицата Елизабета Втора ја прогласи за витез во 1990 година и оттогаш ја носи титулата „леди“.

- Реклама -