Од денеска, Жито Лукс го прошири своето портфолио на леб со лансирање на новиот леб со кисело тесто, кој нѐ навраќа на традиционалниот начин на правење леб и ветува прекрасно кулинарско искуство.
Во производниот процес, подлежи на пастеризација која овозможува долготрајна консумација од 30 дена без додавање конзерванси. Ова го прави лебот не само вкусен туку и здрав избор за потрошувачите кои се грижат за своето здравје и исхрана.
Одличен е за секојдневна употреба и идеален е за различни намени – од вкусен појадок со омилен намаз, до сендвичи за вечера и како додаток на главните јадења. Разновидните можности за комбинирање и консумација на овој производ, го прави атрактивен за секој сладокусец кој сака да експериментира во својата кујна.„Целиот тим на Жито Лукс посветено работеше на овој проект сакајќи да донесе на нашиот пазар, производ кој е многу популарен насекаде во светот, правејќи одличен спој меѓу традицијата во подготвување на леб и модерниот начин на живот. Новиот леб со кисело тесто со својот ароматичен вкус, природна жолтеникава боја и густа, воздушеста структура додава вредност на секој оброк и нуди несекојдневно гастрономско искуство“, изјави Антоанела Петровиќ, директор на маркетинг и маркетинг на купувачи.