Една темна зимска ноќ еден старец мистериозно изчезнува од својот дом. Неговата седумгодишна внука го наоѓа неговото безживотно тело и оттогаш не сака да прозбори ниту еден збор. Рафаел Хорн, психологот ангажиран за терапијата на детето, е неволно вовлечен во решавањето на злосторството.
Главниот детектив Лудвиг Ковач преку ден седи во дворот на пивницата, а навечер набљудува со двогледот. Злосторствата на крајот од годината секогаш му се тежок товар, особено затоа што му го нарушуваат еротскиот распоред со Марлене, сопственичката на една продавница за стари работи. И иако не му треба изговорот за да се извлече од романтичните новогодишни планови на Марлене, тој е сигурен е дека со оваа жртва ќе се занимава цел јануари.
Таткото психопат ги тепа своите ќерки; бенедиктинскиот калуѓер слуша гласови што не доаѓаат од небото; пензионираниот поштар размислува за самоубиство а младата мајка е убедена дека нејзиното новородено дете е ѓаволот… Психолошкиот профил на ова мало градче е и тоа како сомнителен – но кој од неговите жители е ноќниот посетител одговорен за бруталното убиство?
За романот „Сладоста на животот“, австрискиот писател Паулус Хохгатерер во 2009 година ја доби Европската награда за литература.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на веб-страницата на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на „Бунете се“ се:
1. Ена Савева
2. Петар Јанев
3. Зоран Стаменов
4. Марко Спасевски
5. Елена Радевска