Слабејте со јајца за појадок

Според најновото истражување, јајцата за појадок се одличен начин за слабеење. Јајцата подолго време ве држат сити, а исто така се и нискокалорични. Јајцата се подобри од житаките, кога станува збор за најважниот оброк во денот.

Едно јајце содржи само 70 калории, 6 грама протеини и 5 грама масти. Според истражувањето кое било направено врз група на луѓе кои имале прекумерна телесна тежина се дошло до заклучок дека јајцата се поефикасни за појадок од житарките.

Имено, научниците десетина дена ги набљудувале испитаниците давајќи им прво житаки за појадок, а потоа во наредните десетина дена (со две недели пауза) им давале јајца за појадок. За време на целото испитување правеле крвни анализи, односно го набљудувале нивото на хормонот за глад и за ситост.

Откако сите овие резултати биле сумирани, научниците јасно дошле до заклучок дека со конзумација на јајца можете многу побрзо да ослабнете, а причината за тоа е што тие подолго време ве држат сити.

Научниците забележале и дека наредниот оброк што го земале испитаниците по јадење на житарки бил пообемен отколку наредниот оброк што го земале испитаниците по појадокот од јајца.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -