Како да слабеете без вежбање

Сите знаеме дека физичката активност е еден од клучните фактори за слабеење и одржување на линијата. Единствената потешкотија со која се соочуваме сите ние кои живееме и работиме со полна пареа е како да го најдеме времето за редовно вежбање? Доколку се соочувате со истиот проблем, еве што можете да направите без многу мака.

Не си забранувајте ништо!

Уживајте во сите видови храна кои ги сакате но во умерени количини. Запомнете, ниеден производ самиот по себе не здебелува, големината на порцијата е она што е најважно!

Јадете додека да се заситите, не додека да се прејадете

Сигурно сте го чуле ова и порано но, навистина успева. Обидете се со следнава техника: Спуштајте ја виљушката или лажицата накратко по секој залак. Така вашиот мозок ќе има време да ве предупреди кога ќе бидете сити.

Нарачувајте мали порции

Без разлика дали се работи за кафе, салати, главни јадења или десерти… ако сакате да имате мал стомак, нарачувајте мали порции!

Познавајте се себеси

Доколку знаете дека не можете целосно да се откажете од грицките и калоричните меѓуоброци, ограничете ја количината на порции соодветни за едно лице како на пример: една рака лешници, најмалото пакување чипс итн.

Започнете го оброкот со супа или салата

Ова е совршен начин да внесете нешто кое барем малку ќе ве засити, содржи малку калории и нема да остави многу простор за главното јадење.

Прескокнете го лебот

Користете го овој трик секогаш кога е можно и кога на вашата трпеза постои производ сличен на лебот. Исто така, потрудете се во еден оброк да изберете едно нешто; леб, десерт или пијалок… не може да имате сè!

Внесувајте течности!

Често се случува нашиот мозок да испраќа сигнали како да сме гладни кога всушност сме само жедни. Поставете си цел да испиете осум чаши вода дневно. Доколку сакате, зачинете ја со лимон или додадете витамини.

Не јадете сè одеднаш

Воопшто не помага фактот што целиот ден сте се воздржувале доколку на крајот од денот надоместите сè што сте прескокнале и тоа во еден оброк. Запомнете, колку повеќе мали оброци во денот, толку поголеми шанси комплетно да ја изоставите вечерата.

Не одете гладни на забава

Секогаш земете барем некакво овошје или мала количина лешници или бадеми пред да одите на било каква забава. Ова ќе ви помогне полесно да ги контролирате искушенијата.

Бидете полу-вегетаријанци

Од време на време, одморете го вашето тело од протеините и мастите од животинско потекло. Заменете ги овие производи со овошни и зеленчукови салати… никогаш нема да згрешите!

- Реклама -