„Искрено, стварно сум пресреќен. Најсреќен што е можно. Никогаш во животот не сум се чувствувал вака. Освоивме титула, можеби никој не нè очекуваше овде, никој не нè очекуваше на врвот, но ние пак покажавме дека некои нешта, кои не вредат на хартија, вредат на теренот. Повторно покажавме дека сме вистински момци, вистински пријатели, вистински фраери со победнички менталитет. Тоа денес се покажа, а тоа вреди најмногу“, изјави Словенецот Сташ Скубе за Balkan Handball непосредно по кревањето на пехарот во „Ланксес арена“.
Скубе не знаеше да одговори што ќе се случува наредните денови, особено во Скопје.
„Уф, па не знам. Знаете и сами… Верувам знаете и сами што се случи во Скопје и што им значи тоа на луѓето во Македонија. Значи, веројатно ќе биде лудило“, констатираше Скубе насмеан од уво до уво, обидувајќи се да замисли какво чувство допрва го чека на плоштад „Македонија“. Но попусто се обидува. Ќе дознае само откако ќе го доживее, вели Столе. Изјавата на Скубе погледнете ја ТУКА.