Скопска савана во една скопска кафана

Илустрација : Boy_c

Скопска „САВАНА“

Во славната скопска Савана
На секој чекор по една кафана

Слонот вцрвенет и сив
Се запил со лавот див

Зебричката салатка боцка
И од среќа под маса си клоцка

За жирафата нема веќе марула
Од мака и доаѓа да заурла

Хипо си ветува сит,
“од наредниот месец сум фит“

Носорогот не го примаат
Ги мрзи по него да собираат

 

by Марта Чупевска (повеќе од авторката, на Фејсбук: https://www.facebook.com/marta.cupevska )

- Реклама -