„Бајката беше бајка до крај – Вардар по вторпат е шампион на Европа. Се славеше, се слави и ќе се слави. Во градот на чудата – Келн, и во градот кратор на чуда – Скопје! И секаде во светот каде што се сака Македонија, Балкан, витештвото и спортот“, пишува Balkan Handball.
Во изјава по мечот, Стоилов рече дека ракометарите не се свесни за славјето што ги чека во Скопје. Тоа мора да се доживее, порача капитенот.
Вардарци полетуваат со чартер-лет од Келн во 14:30 часот. Во Скопје слетуваат во 18:50 часот. Летот ќе го плати Град Скопје. Како што соопшти градоначалникот Петре Шилегов, од вчера бил во контакт со управата на клубот, а терминот на слетување е координиран во согласност со безбедносните мерки околу состанокот на НАТО, со цел граѓаните да можат непречено да ги пречекаат и да слават заедно со ракометарите.
Град Скопје одобри и сума од 2 милиони денари за организација на пречекот на аеродром и на плоштадот „Македонија“. Од Градот ракометарите ќе добијат и парична премија во вкупен износ од 6 милиони денари.
Фотогалеријата на Balkan Handball, од мечот и славјето по мечот, погледнете ја ТУКА.