На есен се очекува отворање на нова современа според сите ЕУ стандарди изградена резиденција за возрасни лица, која ќе го носи името Резиденција Дабески.Скопје и Македонија по подолг временски период добиваат нов холистички центар чија основна дејност е вдомување на возрасни лица со целосна грижа за живот и делување.
“ Основна цел на резиденција Дабески ќе биде грижа и разубавување на пензионерските денови на возрасните лица. Резиденцијата е замислено да работи на еден поинаков начин од останатите институции од ваков вид и затоа за нашите станари подготвуваме богата културно – социолошка програма. Центарот ќе биде целосно опремен според сите стандарди кои се потребни за удобен и здрав живот”, вели Даниела Дабеска, сопственик на резиденција Дабески.
Станарите во оваа резиденција ќе уживаат во секојдневната богата програма за рекреација, а на располагање 24 часа ќе го имаат и стручниот и професионален тим на Дабески.
Резиденцијата Дабески која е во завршна фаза од својата изградба е лоцирана на 200 м од општинската зграда во општина Сопиште, a на само 8 км од Плоштад Македонија. Целиот објект е опкружен со прекрасна природа која на жителите на Дабески дополнително ќе им ги разубави пензионерските денови.