„Со гордост го најавуваме настанот кој ќе го одбележи годинешниот Ден на шегата, уникатниот Mask’n’Mall. Знаејќи дека сите генерации, почнувајќи од учениците во основните училишта па се до возрасните, сакаат да ја искористат својата креативност и да се маскираат, одлучивме да создадеме целодневна програма која ќе им овозможи на сите возрасни групи кои не посетуваат, да се пронајдат во дел од понудата и да се забавуваат. Mask’n’Mall има за цел сите да Ве расположи, насмее и да Ви oвозможи супер забава во текот на целиот ден“, изјави Дарко Панчевски, претставник на маркетинг секторот на Skopje City Mall.
Скопје(31.03.2014) Најголемиот шопинг центар во Регионот Ве поканува на вториот Mask’n’Mall во Република Македонија, наменет за сите оние кои ќе се маскираат за Денот на шегата. За комплетното прво априлско лудило креираше програма која е наменета за сите генерации и возрасти, а за најкреативните маски, Skopje City Mall подготви многу вредни награди.
Овогодинешниот Mask’n’Mall ќе започне со дефиле на маски од награден карактер наменет за деца од 6 до 14 години. Стручна жири комисија ќе ги избере најдобрите маски, а за истите се предвидени вредни награди. Овој настан ќе се одржи во две етапи, и тоа од 10:00 до 12:00 часот и 13:00 до 15:00 часот. Од 18:00 часот ќе започне првата тинејџерска журка под маски наменета за младите од 13 до 18 години.
Забавата ќе се одржи во Cineplexx, каде пред нејзиното започнување, од 15:00 часот ќе биде организирана филмска проекција по намалени цени и со интересни изненадувања и награди за посетителите.
За оние над 18 години кои имаат желба да се забавуваат под маски, кафулињата во Skopje City Mall организираат afterwork забави под маски, со специјални изненадувања за сите присутни. Овие забави ќе започнат во 18:00 часот и ќе траат се до затворање на молот.