Втора меѓународна работилница за параметрички дизајн и дигитална фабрикација.
Универзитет Американ Колеџ – Факултет за архитектура и дизајн и Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје во соработка со Епитом колектив од Истанбул ја организираат втората меѓународна работилница за параметричко обликување и дигитална фабрикација во Скопје.
Целта на работилницата е да овозможи обука на студентите на архитектура и другите технички области во користењето на софтверските алатки за параметричко обликување и дигитална фабрикација низ директно искуство во проектирањето со користење на методологијата на генеративен дизајн и техниките на производство на големи прототипови.
Работилницата ќе ги промовира иновативните методологии на параметричко проектирање со интегрирање на биолошките структури во архитектонското обликување, тестирање на добиените структурни и просторни резултати во мерка 1:1. За појасна претстава може да го погледнете видеото од претходната работилница одржана во Октомври минатата година https://vimeo.com/112164712
Учесниците на работилницата треба да се студенти на технички науки и да имаат основни познавања во користењето на компјутери и Computer Aided Design.Регистрацијата за работилницата ќе започне од 1-ви април, 2015 година, со испраќање на кратко CV на следната е-маил адреса: spacemaker@uacs.edu.mk Бројот на учесници е ограничен на максимум 30, а за реализација на работилницата потребно е да се пријават минимум 17 учесници. Уплатата за учество на работилницата изнесува 6000 денари. Крајниот рок за пријавување е 17 април, 2015 година. Уплатата треба да се изврши нa сметката која ќе биде објавена на веб страницата на УАКС.
Работилницата ќе се оджи во просториите на УАКС-Факултет за архитектура и дизајн (понеделник 20.04. до среда 22.04.) и Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје (од четврток 20-ти април до сабота, 26-ти април, 2015 година).
Повеке информации на http://skolab.com/