Скијатос ги забрани пластичните кеси, да си знаете

Официјалните претставници на општината изгласаа забрана за употреба на пластични кеси, во согласност со европските директиви.

На островот стартува програмот ASAP – кратенка од „Активен Скијатос против пластични кеси“ (во англискиот со значење и „as soon as possible“ – „што е можно поскоро“; не знаеме дали е намерно, додуша), со кој ќе раководи мрежата Mediteran SOS, а ќе важи до јуни следната година.

Една од најавените мерки се и акциите за чистење на плажите на островот.

Пилот програмата има за цел да ја подигне свеста и да го привлече вниманието на јавноста кон проблемот со загадување.

- Реклама -