Си била еднаш една девојка по име Снежана, кој била кралска ќерка и бидејќи мајка и починала од болештини при пороѓај со неа(ова за да биде потажно) татко и се преженил со некоја млада, лоша и згодна опајдура(читај Карлеуша) кој и станала маќеа на Снежана.
И маќеава била многу самобендисана и го малтретирала огледалоно секој ден, де па де најубава сум, и само ја сум лепотица, сите други се смрдли…(и сеа да не гњавам со срединаа од приказната идеме одма на крајот).
И така додека лежела Снежана во сандакот дошол принцот на бел коњ… А седумте џуџиња клекнати плачеле од жал над ковчегот во кој била Снежана!
И кога ја бакнал принцот Снежана оваа оживеала и се пртворила у Ѓоко Таневски!
Џуџињата забезекнати останале со подзината уста и тогаш Лутко проговорил:
– Еееј а бе ова Ѓоко Таневски е а!?!
А останатите само климнале со главата…
И тогаш Ѓоко Таневски милно ги погледнат и им рекол:
– сакате да ви запеам нешто?
Овие му рекле:
– не брат ставрно нема потреба уживај си!
Тука некаде завршува приказната и тоа…џуџињата и принцот од тага за Снежана се пропиле, а Ѓоко Таневски до ден денес си пее – тезгари низ цела Македонија.