Dolce & Gabbana уште еднаш ја избра актерката Скарлет Јохансон за заштитно лице.
Јохансон сними промотивно видео во кое се појавува гола зад скулптура на жена, покажувајќи дека нејзиното тело ни малку не заостанува зад совршениот кип.
Секако, во тоа ѝ помогнала течната пудра на споменатиот италијански бренд, но тоа не го оспорува фактот дека нејзиното тело изгледа одлично.