„Има каузи кои се поголеми од секој и од сѐ. Од секаков политички спор. Поголеми од секоја актуелна политичка тема. За мене, за нас од ВМРО, таква кауза е Македонија. Македонија на тие бугари кои ја сакаат, кои ја наследија и кои никогаш не ја заборавија. На бугарите кои живеат во Македонија. Македонија на тие бугари кои ја изградија и современа Бугарија“, порачува во новото предизборно видео европратеникот Ангел Џамбаски од редовите на ВМРО-БНД (Бугарско национално движење) на Красимир Каракачанов.
Во обраќањето, Џамбаски им упати порака и на македонските власти, нарекувајќи ги „привремени управители“.
„Почитувани (почитувани велам од учтивост) привремени владетели на нашата, на мојата Македонија – не можете да живеете во 21 век, без да го признаете 20 век. Колку повеќе лажете, толку повеќе вистината ќе блеска. Колку пожестоко ја измислувате својата нова лажна историја, толку пошумно ќе се срушат и пропаднат лажните темели на кои сте ја изградиле вашата жална сегашност. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски станува Охрид. Колку погласно ги извикувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај! Македонија е бугарска, а Бугарија е над сѐ“, порачува европратеникот, повикувајќи ги Бугарите да гласаат за неговата партија.
Џамбаски испрати и порака директно до Заев.
„Заев! Почитуван! Колку и да се вртиш, Македонија е бугарска. И колку и да се вртиш, Албанија сѐ уште ќе ти е од запад!“.