„Скалите до небото“ на Хаваите

Војните секогаш оставаат празни споменици што служат како потсетник на тешките времиња. Но понекогаш, овие структури се вплотуваат со природата и преминуваат во воодушевувачки предели со поетски атрибути. Такви се „Haiku“ скалите на Хаваите, познати како „Stariway to Heaven“, составени од 3.992 скалила што се издигнуваат во едно од најзашеметувачките сценарија на Земјата.

Првата скала била изградена за време на Втората светска војна, на височина од 853 метри, од дрво, за да послужи како помош за кабелско поврзување на двете антени, сместени на двете спротивни страни на долината Хаику. Благодарение на нив, персоналот можел да комуницира со подморниците на американската морнарица, се до Токио. Неодамна, тестерите измерија дека сигналот може да стигне и до Индија, на 10.600 км оддалеченост. Во 1950-тите, скалите биле реизградени од галванизиран челик, а и проширени со дополнителни скалила, се до конечниот број од 3.922.

[youtube]http://youtu.be/vD0Iacv4DZs[/youtube]

Искусните планинари велат дека искачувањето по скалите е релативно лесно, најтешкиот дел е всушност, да се стигне до нив. За таа цел ќе треба да се пробиете низ дебел појас од испреплетени растенија, и сето тоа на лизгав и стрмен терен. Сепак, главниот предизвик е да ја поминете портата на дното, бидејќи искачувањето е забрането, од безбедносни причини. И покрај тоа, 100-150 планинари неделно наоѓаат начин да тргнат на авантуристичко патување кон облаците. Досега немало сериозни повреди.

Пејзажот под вашите стапала ќе направи да се чувствувате како да сте се искачиле во рајот (оттаму и името), а магливите денови придонесуваат за особено адреналинска прошетка. Иако локалните власти сакаат да ги чуваат луѓето настрана од ова место, разбирливо е што толку голем број на посетители сакаат да се искачат до врвот, макар и кога тоа значи дека го прекршуваат законот.

Haiku-stairs3-550x412 P1020776 P1020788 P1020803 P1020806 P1020815 P1020821 P1020846 P1020860 P1020868 P1020879

 

 

- Реклама -