Сјајна огнена топка го осветли небото на североисточниот дел на САД. Пријави за настанот Американското друштво за проучување на метеорите доби од стотици сведоци, и тоа од повеќе држави: Мејн, Вермонт, Њу Хемпшир, Роуд Ајленд, Конектикет, Њу Џерси, Масачусетс, Њујорк и Пенсилванија, како и Онтарио во Канада.
Настанот е фатен и на камерата на еден полициски патролен автомобил во американската држава Мејн.
Според АМС, метеорот експлодирал набргу по влегувањето во Земјината атмосфера.