Освен да пиете вотка, еве што друго можете да направите со шише обична вотка. Најмалку 11 нешта.
1. Измијте ги повредите за дезинфекција.
2. Исчистете го лицето, вотката отстранува секакви акни.
3. Исплакнете ги рацете со вотка наместо да користите гел за дезинфекција.
4. Во фрижидер чувајте едно шише полно со вода и вотка во сооднос 50: 50. Ставете го на местото каде што имате воспаление на мускулите.
5. Измешајте 2 лажици рузмарин со вотка во чаша за кафе. Оставете ја смесата да преноќи и користете ја како балсам за коса.
6. Со распрскувач прснете малку вотка во внатрешноста на патиките и ослободете се од непријатните миризби.
7. Водата и водката се совршен микс за полирање на врати.
8. Тестото ќе биде помеко, ако наместо вода користите малку вотка.
9. Ставете лажица вотка и лажица шеќер во вазната со цвеќе и тие ќе издржат подолго од очекуваното.
10. Смешајте вотка со малку цимет и ментол. Нека отстои 2 недели и ќе имате совршена вода за плакнење на устата.
11. Малку вотка разредете со вода и ставете ја во шише со распрскувач. Испрскајте во плакарот или освежете ја облеката која добила непријатни мириси.