Положбата на фетус ја спречува болката во грбот затоа што ја следи природната свиеност на ‘рбетот и го олеснува дишењето додека спиењето на грб штити од болка во ‘рбетот.
Добриот сон го зајакнува имунитетот, дава енергија и ја зголемува концентрацијата, а во тоа голема улога игра и положбата на спиење. Така спиењето на страна најдобро го штити ‘рбетот, а сонот на стомак го намалува притисокот на дисковите.
Спиењето на грб штити од болка во ‘рбетот и вратот
Спиењето на грб штити од болка во ‘рбетот и вратот и претставува најдобар извор на здравје на внатрешните органи, а помага и во слабеењето. За ‘рбетот да биде во правилна положба најдобро е под колената да ставите перница.
Меѓутоа, оваа положба не се препорачува за луѓето кои ‘рчат затоа што така ќе се влоши нивната состојба. Јазикот паѓа во долниот дел на грлото и ги затвора дишните патишта и поради тоа ‘рчењето е поинтензивно.
Спиење на страна: Одлично за дишењето, лошо за лицето
Положбата на фетус или спиењето на страна спречува појава на болки во грбот затоа што ја следи природната свиеност на ‘рбетот. Најважно е главата да биде во иста линија како и телото, односно на перницата, затоа што во спротивно би можел да ви се „искриви“ вратот.
Исто така, оваа положба го олеснува дишењето и напнувањето на стомакот. Оваа положба е најдобар избор за сите кои ‘рчат, но маана е тоа што предизвикува бори. Кожата е постојано потпрена на перницата што предизвикување гужвање.
Спиење на стомак: Добро за болките во долниот дел на грбот, лошо за ‘рбетот
Повременото спиење на стомак ги ублажува болите во долниот дел на ‘рбетот затоа што го намалува притисокот на дисковите. Но, експертите истакнуваат дека оваа положба е најризична за грбот. Спиењето на стомак го израмнува природно закривениот долен дел на грбот, а главата цело време е во иста положба што неповолно влијае на вратот. Затоа се создава притисок на нервите, поради што по будењето може да почувствувате како горниот дела на грбот да ви трне и да не ги чувствувате рацете и нозете.