Сите пациенти добиваат неопходна терапија, лековите за онколошки третман се достапни.

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија потврдуваат дека сите пациенти добиваат потребната терапија и дека сите лекови за третман на онколошки заболувања се достапни.

– Лекот Паклитаксел е навремено поррачен од Клиниката, но поради застој во дистрибуцијата, беше најавено дека ќе биде испорачан во текот на овие денови. За Паклитаксел постои алтернатива од истата група лекови, со идентична ефикасност, а тоа е Доцетаксел. Исто така, лекот Ерлотиниб може да се замени со Гефитиниб, кој исто така е со иста ефикасност. Тендерите се спроведени навремено и очекуваме овие лекови да пристигнат во првата недела од јули. Во меѓувреме, сме доволно подготвени и за секоја терапија имаме квалитетна замена, така што континуитетот во лекувањето е целосно обезбеден, изјави проф. д-р Игор Стојковски, директор на Клиниката за онкологија.

Прочитајте и:  Благодарност до сите што не го прифатија филмот, сето тоа ќе биде дел од филмот, рече Слаткар, кој најави спектакл на 2 август во Охрид.

Оваа година, условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови е дуплиран.