Сите имаме предвидувачки соништа

Кошмарот во кој вашиот партнер ве изневерува може да претставува знак дека наскоро ќе имате проблеми во врската, покажаа новите студии кои се занимаваат со толкување на соништата.

Истражувачите на Универзитетот во Мериленд замолииле 61 испитаник на возраст меѓу 17 и 42 години кои биле во врска барем половина година, да водат детален дневник од соништата и заедничките активности со партнерот во текот на две недели.

Резултатите покажале дека сликите на љубомора и кавги кои испитаниците ги доживувале во сонот, поттикнуваат недоразбирања меѓу партнерите во иднина.

dream-mirror-dreams-can-come-true-31082814-900-900 (1)

Дилан Селтерман кој ги предводел истражувањата вели дека многумина не се ниту свесни колкаво влијание имаат нивните соништа врз реалноста. „Сега имаме доказ дека постои врска меѓу нив“, изјавил тој. Испитаниците кои имале секси соништа, имале подобар однос со партнерот во наредните денови. Сепак, кај оние кои биле во „послаби“ врски, дошло до еден поинаков ефект.

Прочитајте и:  Резултати од ново истражување: Како спиењето влијае на стареењето на мозокот?

Д-р Селтерман објаснува дека сексот може да биде добар или лош во сонот, на истиот начин на кој тој може да биде добар или лош во реалноста.

Тој верува дека врската меѓу сонот и јавето е резултат за специфичен психолошки ефект подложен на надворешен стимул, по што човекот почнува да размислува за работите на кои овие стимули асоцираат, иако ниту самиот не е сигурен зошто. „Соништата имаат предвидувачки вредности.Човечката активност се менува во зависност од соништата кои ги имале минатата ноќ“, напишал Селтерман. Студијата е објавена во магазинот „Social Psychological and Personality Science“.

- Реклама -