Сите големи промени кај Windows 8.1

Microsoft официјално ја претстави новата верзија на десктоп и таблет верзијата на оперативниот систем Windows 8.1 која содржи неколки атрактивни промени меѓу кои и подршката за новите HD екрани што ќе овозможи доближување на таблетот Surface до нивото на квалитет како кај своите директни конкуренти од Android и iOs.

windows8-start-button

Од останатите промени најинтересна е враќањето на познатот Start копче кое им недостигаше на корисниците во иновативниот напреден интерфејс на Windows 8. Понатаму измени има во интерфејсот на пребарувачот каде се воведени повеќе корисни опции.

windows812-580-90

Највпечатливи за око пак се графичките подобрувања на речиси секој дел од менито, а Microsoft им наложи на програмерите брзо да ги искористат новите опции за подобрување на корисничкото искуство. Исто така Windows 8.1 ќе ги примени и најпопуларните социјални апликации меѓу кои Facebook и Flipboard.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk

- Реклама -