Сируп за подобра крвна слика

За да ја подобрите крвната слика, овој сируп доволно е да го конзумирате два пати годишно.

Ако сте омалаксани, чувствувате замор, време е да ја проверите крвната слика. Но пред да појдете  на лекар обидете се да ја подобрите на природен начин.

Состојки:

• 1 kg цвекло

• 1/2 kg морков

• сок од еден лимон

• 2-3 портокали

• 2 кисели јаболки

• 1 тегла мед

Подготовка

Цвеклото, морковите и јаболките исчистете ги, исецкајте ги на мали парчиња, ставете ги во соковник и направете сок. Од лимонот и портокалот рачно исцедете сок и помешајте го со првиот. На крајот додадете тегла мед, најдобро планински, кој содржи разновидни билки. Сето тоа добро измешајте го медот да се соедини со сокот.  Количината на портокали може да биде и поголема, бидејќи тие воглавно се додаваат за вкус и мирис.  Сирупот пресипете го во стаклена тегла. Ќе добиете околу литар ипол, до два, што е доволна количина за 15-20 дена. Сирупот се пие секое утро на празен стомак, секој ден, додека не се потроши теглата. Се препорачува годишно да се прават по две тегли.

 

- Реклама -